• +381 (0) 38 220 220
  • +49 (0) 180 30 30 30 6
  • +41 (0) 44 315 59 59
agent login

Услови и правила

Авиопревозник на Косово  "Kosova Airlines-KSA"

Kosova Airlines GmbH
Brandschenke Str 178
CH-8002 Zürich
Швајцарија
Сопственик: Наим Ејупи
Бр. на Компанијата: CH-020.9.002.076-4

1. Надлежност на општите деловни услови
Сите услуги на авиопревозникот на Косово "Косово Ерлајнс-КСА" (во понатамошниот текст "Косово Ерлајнс") ги следат единствено долунаведените општи услови. Исклучок од овие деловни услови може да бидат само работи кои се договорени на писмено и потврдени од наша страна, исто така, во писмена форма.

2. Понуда и склучување на договор
Понудите за онлајн системот на резервации претставуваат задолжителен услов за клиентот. Со регистрирање преку онлајн формуларот за резервација, клиентот со склучување на договорот за превоз се обврзува да ги почитува  условите што важат за транспорт на Косово Ерлајнс. Со прифаќањето од страна на Косово Ерлајнс, се пристапува кон склучување на договорот за транспорт. Косово Ерлајнс го потврдува прифаќањето на резервациите,  преку достава на електронска пошта на потврдата на резервацијата или преку задолжување на вашата кредитна картичка.

3. Начин на плаќање
Се применуваат цените, кои биле присутни и потврдени во моментот на резервацијата. Плаќањето е можно само преку кредитна картичка прифатена од страна на Косово Ерлајнс. По добивањето на потврдата на резервација, треба да се плати вкупната цена на билетот, за што се задолжува кредитната картичка. Доколку банката или институт на кредитните картички ја одбие исплата, Косово Ерлајнс е овластен да го раскине договорот веднаш и да ја откаже резервацијата. Во тој случај секој патник се задолжува со дополнителен износ од 30,00 евра, за покривање на трошоците за обработка на случајот.

4. Ветување на доверливост
Косово Ерлајнс гарантира целосна доверливост за сите добиени податоци од страна на клиентот.

5. Патни документи
Патникот добива преку е-мејл потврда на резервацијата која ја користи и како билет. Патувањето без важечка патна исправа не се прифаќа. Авионскиот билет, кога пред заминувањето се констатира дека податоците  и / или името не се исти со личните податоци на патниците во резервациите, истиот не може да се прифати како валиден документ за патување. Патниците на чии авионски билети/броеви на резервации има промени се исклучени од летот. За издавање на нов билет во таквите случаи, важи полната цена на билетот. За повторно издавање на билети кои се изгубени или други случаи кои не се по вина на Косово Ерлајнс, ќе биде наплатена сума од 30,00 евра за обработка за секој авио билет. За исполнување и спроведување на правилата за влез во други земји, пасоши и визи, секој патник е одговорен сам за себе. Косово Ерлајнс е овластен за секој патник да го пресмета и наплати секој трошок кој произлегол како резултат на неисполнување на овие правила.

6. Промена на резервација / откажувања
Промена на резервациите и промена на имињата можат да бидат направени во согласност со достапноста и по плаќање на одреден износ за промена  на резервација, односно откажување и може да се направат по писмен пат оддалеку или блиску, како и усно, давајќи ги броевите на резервација пред денот на патување, во текот на работното време на телефонските броеви, факс или на адреса, кој се наоѓа на фактурата / потврда за резервацијата.

Откажувањата на летот може да се направи само преку писмено барање на е-мејл (online@eurokoja.net) или преку факс (Факс: 496.925.667.626) работен ден до 18:00 часот. Откажувањата кои се вршат во недела или за време на празниците се обработуваат во првиот работен ден. За откажување се зема предвид само денот во кој Косово Ерлајнс го има добиено барањето за откажување.

Откажувања:
• 48 часа пред полетување: 50,00 евра за секој патник
• 24 часа пред полетување: 100,00 евра за секој патник
• помалку од 24 часа пред полетување: 100% од цената на билетот.
За откажување на денот на летот, се пресметува вкупната цена на билетот (100% од цената на билетот). За непојавување  на летот (No-show) се пресметува вкупната цена на билетот.

Промена на резервацијата
За промена на резервацијата се пресметува износ од 50,00 евра. Исто така, освен 50 евра се наплаќа и разликата на цената на билетот за времето кога се прави новата резервација.  
Не се прифаќа промена на името откако е поминато времето и денот на летот.

7. Време на чекирање во Косово
Авиокомпанијата ги советува патниците да се појават пред соодветниот шалтер за чекирање на патниците најдоцна 120 минути пред полетување. Подготовката на патниците се затвора 40 минути пред летот. Косово Ерлајнс не сноси одговорност за патниците кои ќе се појават подоцна. Патникот сам е одговорен за навремено пристигнување во авионот, за другите поврзани летови и услугите кои се плаќаат кои ги добиваат/очекуваат патниците. 

8. Потврда за враќање
Секој клиент на Косово Ерлајнс е должен да го потврди неговото планирано враќање во рок од 24 до 48 часа, по телефон на Косово Ерлајнс. Потврда на враќање може да се направи на телефонските броеви кои се наоѓаат на билетот. Доколку патникот не го потврди враќањето, го губи правото на летот.

9. Багаж и документација
Дозволеното ограничување за багаж за секој патник што плаќа (не е дозволен багаж за доенчиња) е 25 кг (Germanwings само 20 кг). Не е дозволено неискористената килажа на багажот да биде пренесена на други патници. Единствено патници кои резервирале билети заедно, може да го спојат нивниот дозволен лимит за багаж. Транспортот на багаж со прекумерна тежина може да се оствари по исплата на предвидениот надоместок за багаж со прекумерна тежина. Не се гарантира транспортот на прекумерниот багаж. Секој патник сноси самиот одговорност за исполнување и спроведување на правилата за влез во други земји, патни исправи и визи. Патникот ги сноси сите евентуални трошоци  како резултат од неисполнување на овие правила.

10. Попусти за деца и млади
Деца до 2 години (без право на седиште) и млади лица до 11 годишна возраст плаќаат поевтина цена на билет. Се зема предвид возраста на детето при поаѓање. Косово Ерлајнс има право при заминување да ја провери возраста на детето и да наплати соодветен надоместок.

11. Отуѓување
Отуѓувањето на побарувања против Косово Ерлајнс немаат ефект

12. Рекламации
Рекламациите може да се направат во писмена форма веднаш по завршување на  летот на следната адреса: Авиопревозник на  Косово "Косово Ерлајнс-KSA"
Kundenservice
Kosova Airlines GmbH
Brandschenke Str 178
CH-8002 Zürich
Швајцарија

13. Место на арбитражата
Место на арбитража е Цирих (Швајцарија).

14. Салваторска клаузула
 Доколку посебни одредби од прописите се целосно или делумно неважечки, другите прописи продолжуваат да важат. Неважечкиот пропис се заменува со пропис, кој според целта и значењето е правно и економски најблизок до неважечката регулатива. 

15. Состојба
Овие услови важат од 29.08.2008.