• +381 (0) 38 220 220
  • +49 (0) 180 30 30 30 6
  • +41 (0) 44 315 59 59
agent login

Дозволен багаж

Авиокомпании имаат различни правила во однос на патничкиот багаж. За подобро да се запознаете со правилата на авиокомпаниите во врска со рачниот багаж или багажот што се чекира, ве молиме контактирајте го нашиот центар за услуги на клиентите.

Колку време однапред треба да се чекирам за мојот лет?

Сите патници мора да се чекираат два часа пред полетување. Ве молиме внимавајте на ова зашто треба да бидат опремени со бординг карта најмалку 90 минути пред полетување!

До кога ми е дозволено да патувам во случај на бременост?

Доколку имате нормална бременост без проблеми дозволено е да патувате до 36та недела од бременоста. Потврда од вашиот лекар е потребно по 29 недела од бременоста. Ве молиме внимателно прочитајте ги правилата на компаниите со кои летате оти правилата може да претрпат промени!

Колку време претходно мора да се организирам за специјална помош за патување?

Ви препорачуваме да го поднесете вашето барање при резервација на билетот. Ние ќе ви помогнеме да се утврдат точно вашите потреби и ќе ви ги објасниме натамошните процедури. Ве молиме контактирајте ја нашата канцеларија за услуги на клиентите на е-мејл адреса info@kosovaairlines.com или јавете се на:
+381 (0)38038 220 200 
+49 (0)180 30 30 306 или
+41 (0)44 315 59 59

Ве информираме дека телефонските повици може да бидат тарифирани од страна на телефонските оператори.

Од која возраст децата можат да патуваат без придружба?

Авиокомпаниите имаат различни правила за деца кои патуваат без придружба од страна на возрасните. Ве молиме контактирајте ја нашата канцеларија за услуги на клиентите за повеќе информации на е-мејл адреса info@kosovairlines.com

Може ли да го купам мојот билет со кредитна картичка во вашата канцеларија на аеродромот?

Да. Може да го купите вашиот билет со кредитна картичка во нашата канцеларија на аеродромот во Приштина.

Дали може да го променам датумот на летот?

Да. Можете да го промените датумот на летот со соодветен надомест предвиден за тоа. Зависно од вашиот билет, освен надоместокот за промена на датумот, можеби ќе треба да ја плати разликата помеѓу основната цена на стариот билет и новиот.

Може ли да ја променам дестинацијата на летот?

Да. Можете да ја промените дестинацијата на вашиот лет за дополнителен надомест.

Може ли да го сменам името на билетот?

Не Откако билетот е обработен, не можете да го смените името на патникот.

Може ли да го откажам мојот билет?

Повеќето од билетите се неповратни. Сепак, зависно од класата на резервација, може да се направи делумен поврат на средствата.